“ЏГАН“ на престижниот филмскиот фестивал во Пула, Хрватска

20/07/2018

 

Македонскиот игран филм „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, а продуциран од Огнен Антов, досега беше прикажан на повеќе од 25 филмски фестивали ширум светот, а сега екслкузивно на еден од најголемите и најпрестижните фестивали во регионот , филсмкиот фестивал во Пула, Хрватска, и тоа во огромната Пулска Арена, како единствен селектиран филм од целиот регион.

60-годишнината од филмскиот фестивал во Пула е извонреден настан не само за Хрватската кинематографија, туку и за целатиот филмски регион. Еден од најстарите филмски фестивал во светот, а фестивалот со највисок просечен број на гледачи по секој филм, што е заслуга огромен аудиториум во Пулската Арена, како што популарно се нарекува добро сочуваниот амфитеатар Веспазијан, од првиот век од нашата ера.