„Исцелител“ на меѓународниот фестивал во Иран и See Fest во Лос Анџелес

11/05/2018

 

Филмот „Исцелител“ ја имаше својата иранска премиера на 36-тото издание на најзначајниот филмски настан во Иран, меѓународниот филмски фестивал – „Фаџјр“ во Техеран.  Фестивалот се одржа од 19-ти до 27-ми април а „Исцелител“ имаше три проекции за време на фестивалските денови. Оваа година директор на фестивалот кој се одржува во срцето на Техеран е познатиот ирански режисер Реза Миркарими, а член на жирито е македонскиот режисер Милчо Манчевски.  

„Исцелител“ се прикажа и во натпреварувачка програма на СЕЕ Фест во Лос Анџелес, САД.   По Кливленд, Минеаполис и Санта Барбара, ова е четврти фестивал во САД на кој учествуваше „Исцелител“. На фестивалот во Санта Барбара „Исцелител“ ја освои наградата за најдобар филм.