„Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов со меѓународна премиера во Билбао

10/05/2018

 

Tретиот дел од трилогијата Кружно патување, краткиот анимиран филм Кружно патување на монахот (The Monk), во режија на Жарко Иванов, ја имаше својата меѓународна премиера во официјалната конкуренција на фестивалот за анимиран филм Анимаком во Билбао, Шпанија.

Вториот дел од трилогијата, краткиот анимиран филм Кружно патување на Марето досега е прикажан на 70 фестивали и има освоено 8 награди. Следно, ќе биде дел од официјалната конкуренција на фестивалот Festival sobre Rieles, во Мексико.