По четврти пат во Скопје успешно се одржа „Денот на младата публика“ на Европската филмска академија

11/05/2018

 

На 6 мај 2018, во Кинотеката на Македонија, заедно со 46 градови од 37 земји од цела Европа, младите од Македонија гласаа за најдобар филм на Денот на млада публика на Европската Филмска Академија.

Во жирито учествуваа млади на возраст од 12 до 14 години, кои ги проследија трите номинирани филмови, а имаа можност да дискутираат за нив и директно да комуницираат со своите врсници од Европа преку пренос во живо.

Европската филмска академија оваа година ги селектираше филмовите “Girl in Flight” („Девојка во бегство“) во режија на Sandra Vannucchi, “Hobbyhorse Revolution” („Револуција на дрвените коњчиња“) во режија на Selma Vilhunen и “Wallay” („Волеј“) во режија на Berni Goldblat.

По проследување на филмовите, младите за победник го избраа филмот “Wallay” („Волеј“) во режија на Berni Goldblat.

Повеќе информации на: www.yaa.europeanfilmawards.eu