„Коливо“ во јуни со интернационална премиера на меѓународниот филмски фестивал Huesca IFF во Шпанија

11/05/2018

 

Краткометражниот филм „Коливо“ чиј режисер е Андреј Илиевски Волкашин во јуни оваа година ќе ја има својата интернационална премиера на фестивалот Huesca International Film Festival во Шпанија. Продуцент на филмот е Елена Станишева.

Исто така, оваа година во рамките на Сараевскиот меѓународен филмски фестивал -Sarajevo IFF 2018, краткото сценарио на режисерот Волкашин со работен наслов „Фикус“ е избрано меѓу трите сценарија на режисери од регионот за програмата Sarajevo City of Film. Снимањето на овој филм ќе се одвива во текот на мај а премиерата ќе биде на Сараевскиот фестивал во главната сала.